АКТУЕЛНО PDF Печати Е-пошта

 

Платеници

Тhе Еxpendables

Проекции11:00, 13:30, 20:30, 22:30

Режија: Силвестер Сталоне
Улоги:Силвестер Сталоне, Џет Ли, Долф Лундгрен, Ерик Робертс, Мики Рурк, Брус Вилис, Арнолд Шварценегер, Дени Трејо

Кратка содржина:
Платеници“ е еден од најочекуваните акциони филмови во последните десетина години. Филмот е своевиден омаж на акционите филмови од 80-ти години („Рамбо”, „Терминатор”, „Командос”...). Во  филмот е собрана неверојатна актерска екипа,: Силвестер Сталоне, Џет Ли, Долф Лундгрен, Ерик Робертс, Мики Рурк, Брус Вилис, Арнолд Шварценегер, Дени Трејо.  Силвестер Сталоне освен како актер се потпишува и како сценарист и режисер на филмот. Целата еуфорија околу  филмот е подгреана со неколку несреќи кои го пратеа неговото снимање (смрта на Британи Марфи, која имаше споредна улога во филмот и тешката повреда на вратот на Сталоне при снимање на една од бруталните сцени на борба во филмот). Група на платеници се собира и заминува во Јужна Америка каде во една самоубиствена мисија ќе се обидат да го симнат од власт озлогласениот диктатор на една мала банална држава.

 

 

 

 

 

 

 

 Grown Ups
 Возрасните

Проекции: 18:00

Режија: Денис Дуган
Улоги: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Крис Рок, Селма Хаек 

 

 Кратка содржина:
„Возрасните е најновото филмско остварување на Адам Сендлер, кој покрај што ја толкува една од главните улоги во филмот е и косценарист. Ако се додаде дека режисер е Денис Дуган, „виновникот“ за една од најурнебесните и најоткачени комедии од последната филмска деценија („Не задевајте се со Зохан), јасно е дека „Возразните е една од најочекуваните холивудски комедии за ова лето. Во филмот, настапуваат и:  Кевин Џејмс, Крис Рок, Роб Шнајдер и Дејвид Спеид. Приказната е за петмина пријатели кои се поранешни тимски другари. Тие повторно се обединуваат по смртта на нивниот кошаркарски тренер. Заедно со нивните сопруги (Селма Хаек, Марија Бело, Маја Рудолф) како и нивните дечиња, тие, заедно го минуваат викендот за Денот на независноста, 4-ти јули, во викенд куќа крај езеро и прославувајќи ги победите во минатото. Продолжувајќи онаму каде застанале, тие ќе откријат дека стареењето не значи и созревање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30, по цена од 100 денари


 

Гласам за...

Омилен филм?
 

Партнери